Во Обвинителство има две кривични пријави за „Беса транс“

by fokus

Иако директорот на Државниот инспекторат Руфат Хусеини рече дека само оваа година против „Беса транс“ чиј автобус изгоре и загинаа 45 лица, до Обвинителството поднеле четири кривични пријави за непочитување на ковид-протоколите, сепак според официјалните информации коишто ги доби Фокус од Обвинителството, таму се постапува по две пријави против оваа компанија.

Согласно електронската евиденција во Основното јавно обвинителство Скопје се појавуваат две кривични пријави против правниот субјект за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик, од кои во едниот предмет е утврдено дека е во надлежност на Основното јавно обвинителство Крива Паланка па веднаш е проследен таму. Во двата случаи до надлежните судови е поднесен предлог за издавање казнен налог, велат за Обвинителството за Фокус.

Хусеини во изјава за Фокус денеска кажа дека против агенцијата имало четири пријави оваа година и четири пријави минатата година за непочитување на ковид протоколите. Ноќеска околу 2 часот автобус на „Беса транс“ изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија. Во големата несреќа загинаа 45 лица, а седум се повредени.

Ф.Ф.С.

Кривични пријави на контото на “Беса транс” – која е компанијата чиј автобус изгоре?

Поврзани новости