526
ЗУ Здравствен дом Неготино денеска го известува населението од општините Неготино и Демир Капија, дека во континуитет ќе ги снабдува пациентите со инсулинска терапија до нивните домови, со помош на патронажната служба.
– Целта на оваа активност е да ги намалиме директните контакти на оваа ризична група на пациенти. Заради тоа, снабдувањето на пациентите со инсулин, најпрво ќе започне од селските населби чии жители користат јавен превоз, а потоа ќе продолжи и во градските населби, со приоритет на повозрасната група граѓани, соопштија од Здравствениот дом.