Евровизиската песна „Lost and found“ со која годинава групата ,,Ај Кју’’ ќе ја претстави земјава на 63. издание на Евровизија во Лисабон, Португалија, ќе биде промовирана утре ( недела) во Дневник 2 на МРТ во 19:30 часот.
Песната ќе биде промовирана со спот, чиј режисер е Јован Куциновски.
„Lost and found“ беше избрана по пат на конкурс, помеѓу 382 пристигнати песни.
Комисијата која што одлучуваше која ќе биде победничката песна беше во следниот состав: Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска – Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер МК“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски – одговорен уредник во „Вистина МК“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал“.
Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата Бојан Трајковски, а аранжманот и продукцијата се на Дарко Димитров.
Евровизијата ќе се одржува од 8 до 12 мај.
Вики Клинчарова