384
МВР се уште нема информации што се случило со бебето со скршеници на двете нозе, суспектно крварење на глава и скршеница на челната коска се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
Од МВР за „Фокус“ велат дека се работи на случајот и конкретни информации за тоа што му се случило на бебето ќе има во наредните денови.
-Колегите работат на случајот. Во овој момент не би сакале да шпекулираме за можните причини, велат од МВР за „Фокус“.