431
Европарламентарката и известувач за Босна и Херцеговина, Дорис Пак, денеска на едно предавање во Нови Сад изјави дека реалноста е дека во следните четири години нема да има ново проширување на Европската унија. Како причина за ова, таа ја наведе неподготвеноста на земјите-кандидатки за влез во Унијата.
Дорис Пак додаде дека секоја земја ја има судбината во свои раце и ЕУ не може за нив да ја заврши работата, туку тоа треба да го направат нивните политичари.
Што се однесува до Србија, Пак рече дека за оваа држава најважен услов за влез во Европската унија било воспоставувањето на добри односи со Косово. Таа ги искритикува земјите-членки на ЕУ дека не покажуваат доволно заинтересираност за државите од Балканот да станат членки.