Во Мумбај откриен сојот ХЕ на корона вирусот, позаразен од претходните

by Fokus

Првиот случај на нов вид на коронавирус под името XE е откриен денеска во Индија, во градот Мумбај, соопшти Општинската управа.

Откриен е и еден случај на сој Капа (што се појави во Индија во 2020 година), а индиските медиуми јавија дека пациентите заразени со новиот вид засега немаат сериозни симптоми.

Светската здравствена организација минатата недела соопшти дека новиот мутиран вид XE може да биде позаразен од кој било претходен.

Овој вид е откриен на почетокот на 2022 година, а Британската здравствена агенција на 3 април објави дека XE првпат бил откриен на 19 јануари и оттогаш во Велика Британија се потврдени 637 случаи.

Поврзани новости