Во Москва во ресторани и кафулиња само со Ковид потврда

by fokus

Поради зголемениот број случаи на заразени со Ковид-19 во Русија, претседателот Владимир Путин воведе одредба со која им се дозволува на граѓаните на Москва да одат во кафулиња и ресторани само со ковид-потврда, односно доказ дека се вакцинирани или биле заразени.

Одредбата стапува на сила од понеделник. Досега се издадени 2,5 милиони пропусници на 12 милиони жители, пишува „Блумберг“.

Висок владин службеник информира дека ограничувањето може да важи и за продавниците, местата за забава и јавниот превоз доколку бројот на заразени продолжи да расте.

Русија објави рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во последните пет дена по ред, а во последните 24 часа се пријавени повеќе од 20.000 нови инфекции; најмногу од јануари досега.

Поврзани новости