По реакциите што во јавноста ги предизвика изјавата на турската амбасадорка, денеска во МНР се одржала средба со претставници на Амбасадата на Турција, предводени од заменик шефот на мисијата, Мурат Сумер.
На средбата било изразено незадоволство поради неодамнешната неодмерена изјава на Амбасадорот на Република Турција во Македонија Тулин Кара, поврзано со класификацијата на учениците во училиштата на „Јахја Кемал“ како потенцијални терористи.
„Од страна на претставници на Амбасадата на Турција беше изразено жалење што оваа изјава на Амбасадорката Кара дадена во контекст на свеченото отворање на училиште во Тетово, предизвикала реакции кои не се во рамките на основната порака која сакала да ја пренесе, за предупредување на ФЕТО организацијата во Македонија и во регионот, велат од МНР.