Стејт департментот не сака да го коментира повлекувањето на амбасадорот на Турција

by fokus

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека е запознат со одлуката на Турција за повикување на нејзиниот амбасадор во Вашингтон на консултации во Анкара, но дека не го коментира таквото решение.

– Знаеме дека Турција го повика на консултации својот амбасадор, изјави претставник на Стејт департментот, одбијваќи да ја коментира постапката на Анкара.

Турскиот вицепремиер и владин портпарол Бекир Боздаг по вчерашната седница на Владата информира дека амасадорите на Турција во Израел и САД биле повикани да дојдат на консултации во Анкара.

Ваквата одлука е донесена по вчерашното преместување на Американската амбасада во Израел од Тел Авив во Еруслим и судирите на границата меѓу Израел и Појасот Газа, при кои беа убиени над 60 Палестинци.

Боздаг најави и дека Турција побарала одржување итен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) поради овие настани. Состанокот најверојатно ќе се одржи в петок.

Поврзани новости