Археолозите кои копаат во 2.300 години старата гробница во северна Грција отркиле две женски статуи во природна големина на самиот влез во подземните комори. Археолошкиот сајт Амфилополис летоска стана многу популарен откако грчкиот премиер Антонис Самарас изјави дека Грција е на прагот на големо археолошко откритие, по што медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека можеби станува збор за вечниот дом на Александар Македонски, неговата жена Роксана или за нивниот син Александар IV.
Веќе со недели се шпекулира кој би можело да биде закопан во Амфилополис и последните анализи на оваа тема упатуваат дека најверојатно, судејќи според изгледот на откриените статуи, станува збор за гробот на некоја жена од времето на Александар Македонски. Дел од стручњаците претпоставуваат дека можеби гробот е на Олимпија, мајката на Александар бидејќи на влезот од гробницата се најдени свинги кои на времето имале женски гради, меѓуто биле руинирани. Исти свинги имало и во гробницата во која наводно била закопана една од бабите на Александар.