Во Мексико откриени 32 гробници со 166 тела

by fokus

Мексиканските власти соопштија дека откриле тела на 166 луѓе во 32 тајни масовни гробници во државата Веракруз.

Обвинителството соопшти дека телата биле погребани најмалку пред две години.

Иследници нашле 114 лични карти на местото.

Властите го нашле местото откако добиле информации од сведок, кој им кажал дека биле закопани стотици тела.

Ова е една од најголемите масовни гробници пронајдени во Мексико, каде што нарко картелите често користат тајни јами за да се ослободат од своите жртви.

Во 2016 и 2017 година, властите во Веракруз откриле 253 черепи и тела во необележани гробови.

Во 2011 година, полицијата пронајде 236 трупови во Дуранго, главниот град на таа мексиканска држава.

Поврзани новости