Во Македонија младите се двојат од мама и тато нa 32 години, во Франција на 23

by Fokus

Младите на Балканот, споредено со развиените европски земји, доста доцна ги напуштаат домовите на своите родители и стануваат независни.

Ова го покажало истражувањето на Евростат, според кое младите во Македонија си одат од кај мама и тато на 32,1 години.

Во Хрватска, пак, младите го напуштаат домот на своите родители во просек на возраст од 33,4 години, а во Србија на 31,4 години, додека во Црна Гора на 33,3 години.

Младите во остатокот од Европа го напуштаат домот на своите родители многу порано – Естонија 22,7 години, Холандија 23 години, Франција 23,4 години, Велика Британија 24,6 години, Литванија 24,7 години.

Поврзани новости