Лансирана е Барби Камила!

by Fokus

Кралицата Камила доби своја Барби верзија, со која гордо позираше пред медиумите во Британија.

Компанијата Маттел, која ги произведува популарните барбики, решила да ја награди Камила со нејзина верзија, поради нејзината голема поддршка на здружението „Жените на светот“.

За време на претставувањето на Барби Камила, кралицата била облечена во иста облека како куклата, пренесоа британските медиуми.

И во минатото компанијата Маттел лансираше кралска верзија на Барби, односно пред две години беше произведена Барби верзија на кралицата Елизабета Втора, по повод нејзина 70-годишнина на престолот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости