Во Македонија ќе се избираат мажи на годината

by fokus

Оваа година по прв пат ќе се одржи избор на Мажи на годината во Македонија.

Имено, изборот на Мажи на годината ќе се бира во неколку категории и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности, Маж менаџер на годината, Странец менаџер на годината, Млад менаџер на годината, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, како и избор на маж според социјални медиуми.

Идејата за реализација и организација проектот е на онлајн магазинот FRIDAY.MK и Агенцијата за организација на настани MOMENTUM INC., а е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Поврзани новости