Во Македонија има нечовечки услови за бегалците

by Фокус

Во главниот град на Македонија бегалците се држат во притвор во нехумани услови, а во прифатниот центар во Гази Баба, кој собира 150 луѓе, има сместено 300. Ова е заклучот од истражувањето на германската организација Про Азил, а го пренесува Дојче Веле.

Германската организација била во посета на Македонија на почетокот на месецов и нејзиниот истражувачки тим го посетил прифатниот центар во Гази Баба. За него се вели дека сместувалиштето е преполно и многумина од станарите мораат да спијат во ходници на подот.  Во малечките соби, кои поранешен станари ги проценува на 10-ина квадратни метри, мораат да спијат по 10 луѓе, наведува истражувачкиот тим.

Друг проблем со кој се сретнала германската организација е тоа што македонските власти им забраниле да влезат внатре, па за да дознаат повеќе, морале да разговараат со поранашни станари во центарот во Гази Баба. Тие се жалеле и дека има недостиг на медицински средства.

Истражувачкиот тим кој бил во посета на Македонија бил составен од новинарки, правнички, активистки и една лекарка.

Поврзани новости