Две милијарди евра од ЕУ за Грција

by Фокус 19:09
19:09

Европската унија на денешниот состанок на лидерите на Германија, Франција и клучните тела со грчкиот премиер Ципрас во Брисел, и одобрила на Грција парична помош во износ од 2 милијарди евра за да ги исплати долговите.

-Европската комисија овозможи парична помош во износ од 2 милијарди евра од своите неискористени фондови за да ѝ помогне на Грција во исплатата на долгот, изјавил шефот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Ципрас истакнал дека е јасно дека ова значи дека Грција нема да мора да презема чекори што водат кон рецесија, односно во иднина нема да мора толку да се „стега ременот“ на населението, што досега, според него, предизвикало голем пад на економскиот раст и масовна невработеност во земјата.

Поврзани новости