Највисоката минимална плата од земјите на Европската унија ја има во Луксембург и изнесува 1.923 евра, според најновата статистика за минималните плати што денеска ја објави европската куќа за статистика, Евростат.
Најниската плата во земјите на ЕУ ја има во Бугарија и изнесува 184 евра, што е за 31 евро повеќе од најниската плата во Република Македонија, а изнесува 155 евра. Во денарска противвредност минималната плата во РМ е 9590 денари и претставува 12 пати пониска минимална плата од онаа што е највисока во Европската унија.
Според висината, Евростат ја дели минималната во три групи и тоа, прва група каде што минималецот е помал од 500 евра и овде спаѓаат Бугарија, Литванија, Чешка, Естонија, Полска и Хрватска..
Во Словенија, Шпанија, Малта, Португалија и Грција минималната плата се движи од 500 до 100 евра.
Иза крај, во третата група каде што минималецот е поголем од 1000 евра припаѓаатГерманија, Велика Британија, Франција, нордиските и земјите од БЕНЕЛУКС.