Мендух Тачи бара анкетна комисија за решавање на политичката криза, чиј претседател ќе биде од ДПА

by Фокус

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска изјави дека треба да се формира парламентарна анкетна комисија во која ќе бидат вклучени сите политички партии, а чиј претседател ќе биде од неговата партија, за да се реши политичката криза во државата.

Според Тачи, претседателот на оваа комисија треба да биде од неговата партија, затоа што досега, како што вели Тачи, само неговата партија не била директно вмешана во прислушуваните снимки што ги пуштал лидерот на претседателот на СДСМ. Изјавата на претседателот на ДПА доаѓа, откако денеска тој се сретна со сретна со високи претставници од партијата на Европските социјалисти.

-И да се формира техничка влада или да има предвремени избори, повторно нема да ги решиме проблемите со кои се соочува државата. Кој и да дојде на власт проблемите ќе останат, затоа мора да има некое регулативно тело што ќе ги контролира тие што ќе направат пропуст за тоа да одговараат – изјави Тачи.

Лидерот на опозициската партија во албанскиот политички блок рече и дека не им верува на институциите, затоа што бил прислушуван уште од 1993 година и потенцира дека во судството има голема криза, а и според Тачи, медиумите биле под директна контрола на власта.

Поврзани новости