Во Лондон пациенти чекаат и по девет часа за да влезaт во болница

by Fokus

Пациентите чекаат и по девет часа во возила на брза помош за да влезат во болниците, предупреди денеска шефот на Службата за итни случаи во Лондон, Трејси Николс.

Таа рече дека чекањата достигнале ниво што не е видено порано, бидејќи Брзата помош е под невиден притисок поради бројните хоспитализации за Ковид-19.

Лондонски Индепендент оваа недела објави дека стотици луѓе низ главниот град чекале со часови секој ден амбулантни возила за да дојдат по нив. Пациентите кои повикуваат брза помош се класифицирани во категорија два – лица за кои постои сомневање дека имале мозочен удар или болка во градите – и треба да добијат помош во просек 18 минути, но во некои случаи се принудени да чекаат 10 часа.

Поврзани новости