348
За вчерашната сообраќајна несреќа на патот кон Блаце, по која патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П.(60) од Косово, паднало во реката Лепенец, уапсен е возачот на другото возило што учествувало и ја предизвикало несреќата – Б.Б.(64) од Скопје.
Во возилото „бмв“, според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16 годишен малолетник.
По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции.
Уште се трага по трите лица кои со возило излетаа во Лепенец