Во Лазарополе измерени -14 степени

by fokus

Во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Лазарополе каде се измерени -14 степени, а единствено во Дојран и Гевгелија утринската температура достигнала до нула степени.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Берово се измерени -13 степени, во Битола и Маврово -12, во Прилеп -11, во Крива Паланка, Претор и Крушево -10, во Охрид и Дебар -9, во Тетово и Виница -6, во Струмица -4, во Штип и Куманово -3 и во Скопје -2 степена.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе провејува снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до три степени.

Поврзани новости