Ременски: Русковска ја запоседна работата на организиран криминал, како да нема други обвинители

by fokus

Пратеничката Фросина Ременски, која е една од обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“ вели дека обвинителството нема материјални докази за да ги аргументира работите кои провејуваат во јавноста.

-Има предлог обвинителен акт кој што чека оценка во Основниот суд. Ние си ја исполнивме нашата обврска, поднесовме приговор по однос на тој предлог на обвинителен акт, бидејќи колку што видовме, освен една конструкција и неколку сегменти во исказ кој што не имплицира на кривично правни делувања, вели Фросина Ременски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Таа додава дека обвинителството нема докази.

-Нема ништо конкретно како материјален доказ за да може да послужи во аргументација на дел од работите кои што провејуваа во јавноста. Верувам дека таму на површина ќе излезат многу други апсурди, имајќи во вид дека Русковска како да ја запоседна работата на организиран криминал, како да нема други јавни обвинители, па можеби ќе може да и помогне нејзиниот колега Наум Пановски, кој веќе има постапувано по истиот предмет. Претставува и преседан реотварањето на некои постапки кои што веќе се завршени- рече Ременски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Поврзани новости