Во Кумановско нема активни пожари

by fokus

На подрачјето на Кумановско моментално нема активни пожари, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

Пожарот во село Бељаковце и Довезенце е изгаснат, но теренот дополнително ќе се пребарува.

Според командирот на територијалната противпожарна единица, Куманово, Дејан Илиевски, на таа локација ќе остане дежурна екипа.

Денеска седница одржа и Општинскиот штаб за заштита и спасување кој апелира граѓаните да се воздржат од палење стрништа и отпаден материјал во дворови и на отворен простор за да се спречи настанување пожар.

Од Штабот ги повикаа граѓаните да пријават до надлежните институции сомнителни движења на лица и возила, можни причинители на пожари.

Поврзани новости