Се поставува тампон-зона околу Будинарци

by fokus

Пожарот што изби во Делчевско, па преку пехчевскиот регион се движи кон Берово, вечерва најмногу ги става под ризик селата Мачево и Будинарци.

Околу Будинарци со помош на механизација се поставува тампон-зона за да се спречи евентуален влез на пожарот во текот на ноќта.

Од Центарот за управување со кризи велат дека овој пожар претставува сериозен проблем, поради што утре наутро сите хеликоптери повторно ќе се упатат во обид да го стават под контрола.

Поврзани новости