Во кругот на најтесното семејство денеска ќе биде погребан Ѓорѓе Балашевиќ

by Fokus

Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, според неофицијалните сознанија на српски Курир, ќе биде погребан денеска во Нови Сад.

Семејството решило испраќањето да се изврши во најтесниот круг.

Денешниот датум, 21 февруари, прогласен е за Ден на жалост на територијата на Нови Сад.

-Ги изгаснаваме сите светла на Градската куќа како би искажале болка и тага со семејството. Ова е тежок момент за семејството Балашевиќ, ама и за целиот град, држава и регионот, порача градоначалникот Милош Вучевиќ.

Поврзани новости