Котели: Тепачката во скопскиот локал не беше со инспекторите, гостите се тепале меѓу себе

by Fokus 12:54
12:54

Тепачка помеѓу гостите била причина за зголеменото присуство на полицијата синоќа во ресторанот Трибека. Инспекторите биле сведоци на физичка пресметка, но не биле нападнати, ниту пак тепачката била поради затворањето на локалот,  за „Фокус“ потврди Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат.

-Не се точни написите дека нашите инспектори биле нападнати. Гостите се степале уште пред девет часот, по што била повикана полиција, а потоа дошле и инспекторите во рутинска контрола и цело време биле надвор додека се правел полицискиот записник.  Таму било вистински хаос. Се фрлале и маси и столици. Изречени се казни за пречекорување на работното време.  И во Волково, во куќа-ресторан едвај успеале да ги затворат. Оставаме последна фискална сметка некогаш да издадат и во 21.10, но сведоци сме на издадени сметки и во 21.25. Што е многу, многу е,  вели Котели.

- Advertisements -

Сепак, таа нагласува дека синоќа имале бурна ноќ, затворени биле повеќе локали во Скопје и низ државата.

-Во Волково во нерегистриран угостителски објекти затекнати се многу гости по девет часот, записникот од Волково е направен дури во 4.15 утринава исто така во Прилеп и Македонски Брод. Изречени се и многу казни за недозволено пушење.

С.Т.

Поврзани новости