492
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум нови приеми на пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.