МВР ќе одговори со зголемен интензитет за пописот во април

by Fokus

Прецизирањето на условите за користењето на базите на податоци во надлежност на Министерството за внатрешни работи за претстојниот попис на населението била една од темите за кои министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски разговараше на денешната средба со со преставници на Државниот завод за статистика, предводени од директорот Апостол Симовски.

Од двете страни била истакната досегашна добра соработка меѓу двете институции во насока на споделување на базите на податоци во надлежност на МВР со Заводот за статистика кое се врши редовно на квартално ниво.

– Министерот Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи целосно ја поддржува работата на Државниот завод за статистика и дека, како и досега, е комплетно подготвено да одговори на сите потреби, сега и со зголемен интензитет, со цел успешно спроведување на најавениот попис на населението, информираат од МВР.

Поврзани новости