Во ковид-центрите во Скопје примени се 17 нови пациенти

by Фокус

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Од Министерството за здравство вкупно 280 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало седум приеми, а дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов, на Кожната клиника се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, на Институтот за ТБЦ 17 пациенти, на Клиниката за нефрологија 16 пациенти итн.

Поврзани новости