Мицкоски: И во Словенија има последици од пандемијата, но кај нас се девастирачки

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша, изјави дека Јанша ја поддржил ВМРО-ДПМНЕ, но и земјава во рамки на евроинтегративниот процес.

-Зборувавме и за начин со кој што овде во Словенија се справуваат со најголемиот предизвик можеби на човештвото во овој момент, а тоа е КОВИД пандемијата, но и резултатите и би рекол нерезултатите коишто ги спроведува нашата влада во рамките на справувањето со пандемијата во Македонија. Зборувавме за рецесијата за тешката економска ситуација во Македонија. Морам да признаам дека и овде во Словенија се чувствуваат економските последици предизвикани од КОВИД пандемијата, но далеку не се такви какви што тие се девастирачки во нашата земја во Македонија, поради неспособноста и немањето јасна визија и креатива како се справиме со таа економска криза – рече Мицкоски.

Претходно, Мицкоски беше на средби со унгарскиот премиер Виктор Орбан и Оливер Вархеји, кој во моментов е комесар за проширување, а доаѓа од партијата на Орбан.

Поврзани новости