Во ковид-центрите се лекуваaт 127 лица

by fokus
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 7 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 127 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Од Министерството за здравство уверуваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Поврзани новости