653
Националниот институт за јавно здравство на Косово објави вечерва дека ниту едно лице кое досега било хоспитализирано под сомнение дека е носител на коронавирусот не е заразено од тој смртоносен вирус, јави дописникот на МИА од Приштина.
Институтот по пат на соопштение за јавноста објави дека е информиран оти во текот на денешниот ден на инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово се примени шест лица за кои имало сомневања дека се заразени со коронавирусот и кај сите нив анализите резултирале негативни.
Од 8 февруари до денеска, се вели во соопштението, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија, со соодветни методи, се тестирани вкупно 17 сомнителни примероци за вирусот Ковид-19 и сите резултираа негативни.