560
Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани 12 починати и 704 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 584 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 975 од вкупно 37.792 лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата.
Болеста досега ја совладале 23,274 лица кај кои е откриен вирусот, а активни во моментов, според официјалните податоци, се 13.543 случаи.
Вчера се извршени 1.827, а вкупно досега 139.699 тестирања со методот РТ-ПЦР.