Во ковид центрите во Скопје има уште 160 слободни кревети

by Fokus

Изминатите 24 часа во КОВИД-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 833 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектен на КОВИД-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти, на Инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекува 61 пациент, а во Куманово 120 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во КОВИД-центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп 114, во Гостивар 57, а во Струга 29 болни.

Во болницата во Струмица лежат 79 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, а во Гевгелија 16 лица позитивни на корона вирусот.

-Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, наведува Министерството.

Според МЗ, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296 и има колку 160 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Поврзани новости