Во корона-кризата без работа останале 14.819 луѓе

by Фокус

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот до крајот на септември, над 14.800 граѓани останале без работа, така што вкупно над 151.000 луѓе се моментално невработени, откри новиот директор на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири, во емисијата „10 минути“.

-До 30 септември во Агенцијата за вработување се евидентирани 151,359 невработени лица, меѓутоа важно е да спомене како факт, од почетокот на кризата со пандемијата, врз основа на работните односи, за прекинат работен однос, односно одјавување од социјално осигурување, регистриран по 11 март 2020, односно во периодот на кризата со пандемијата, до 30 септември евидентирани се вкупно 14.819 невработени лица – посочи Демири.

Поврзани новости