Во Корча криминалци добивале лични карти со лажни податоци, оваа мрежа е откриена од други земји и е скандал во Македонија, кажа Мета

by fokus

Во округот Корча на „лица со рекордни криминални досиеја им се издавале лични карти со имиња на обични граѓани, пред се припадници на малцинствата, откри попладнево на прес-конференција албанскиот претседател, Илир Мета.

-Во областа Корча, на граѓаните со криминално досиеја им се дадени лични карти со податоци на други лица. Вакви документи за идентификација им се издавани на странски и албански граѓани. Оваа мрежа е откриена од други земји и претставува скандал во Северна Македонија. Албански граѓани ги украле личните податоци на македонски државјани без нивно знаење. Неколку државни службеници и полицајци се уапсени во Северна Македонија, каде е истрагата е во тек, рече Мета.

Тој ги повика сите службени лица да бидат внимателни а лицата со лажен или украден идентитет да не се појавуваат на избирачките места на 25 април.

-Апелирам до сите службеници да внимаваат да не се појавуваат на избирачките места со лажни или украдени документи за идентификација или со употреба на документи на други гласачи. Побарав од обвинителството и Централната изборна комисија веднаш да ја започнат истрагата со преземање мерки за оваа незаконска криминална активност без нарушување на интегритетот на изборниот процес, порача тој.

Предупреди дека „кој ќе се обиде да го загрози гласот, ќе се најде во затвор“.

-Оправдувањата не се прифаќаат. За злоупотребите не и не , рече Мета. Овие обвинувања на Мета доаѓаат по обелоденувањето на скандалот со македонските пасоши кои ги фалсификувале вработени во управните служби на МВР.

Поврзани новости