Во кој случај амбасадорот Ангелов би се вратил во Скопје?

by Fokus

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов би можел да се врати во Скопје, кога за тоа ќе се создадат соодветни услови, изјави денеска министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.

– Доколку започне дијалог на високо ниво, во кој треба да учествува и тој, амбасадорот може да се врати во секој момент, додаде Милков на прес-конференција на која информираше за активностите на бугарското Министерство за надворешни работи.

Коментирајќи ја изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека одлуката за повикување на амбасадорот Ангелов на консултации во Софија е неоснован, неаргументиран и непропорционален потег, Милков рече дека таквата постапка е одраз на уверувањето на Бугарија дека ситуацијата е „отидена предалеку“ и дека „ваквата мерка е неопходна“.

– Ако Република Северна Македонија смета дека повикувањето на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов е непропорционално, можеби не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата, рече Милков.

Според него, во сегашниот момент е потребно амбасадорот Ангелов да биде во Софија „за да се разјаснат низа пристапи“ во однос на бугарската политика кон земјава.

Поврзани новости