572
Новиот корона вирус при рутинска контрола е пронајден во пилешко месо увезено од Бразил во Кина, соопштија денеска кинеските власти.
Вирусот во вторникот е пронајден во примероци на замрзнати пилешки крилца, соопштија локалните власти во јужниот кинески град Шензен, кој е во близина на Хонг Конг.
По откривањето на вирусот веднаш се тестирани лицата кои биле во контакт со контаминираните производи и нивните блиски. Локалните власти истакнаа дека тестовите на сите биле негативни.
Кина, каде првпат се појави Ковид-19 кон крајот на 2019 година, во голема мера ја искорени епидемијата, според официјално објавените податоци.