На шестиот кат на зградата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се канцелариите на десетте портали на Артан Груби, кои се финансираат со парите на граѓаните, истакнаа од албанската опозиција
Станува збор за криминална организација незамислива до сега, истакнаа од Европскиот сојуз за промена на настан пред Министерството, лепејќи плакати со имињата на порталите.
Во оваа зграда, како што беше речено на настанот, се порталите „indeks.mk“, „dosja.mk“, „revista.mk“, „desk.mk“, „redakcija.mk“, „ditari.mk“, „lapsi.mk“, „politika.mk“.
-Артан Груби ги регистрирал овие портали на име Иљириана Бајрами, која е сопруга на Перпарим Бајрами, шефот на кабинетот на директор за Државна лотарија. Тој е најблискиот човек на Груби. Дури и порталот „indeks.mk“, во кој најмногу се промовира Груби, е регистриран од самиот Бајрами – наведоа во изјава за медиумите претставниците на Европскиот сојуз за промена.
Од таму го повикуваат премиерот Димитар Ковачевски да го разреши Груби од вицепремиерската функција.