859
Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица, заедно со полициски службеници од Словенија, вчера пред полноќ кај тунели Јаворица ги привеле Х.Ф.(33) и М.Ф.(37) од Србија, кои во товарно возило „ман“, со српски национални ознаки, превезувале 62 мигранти.
Возачот и совозачот од возилото биле приведени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка.