Во кафеана, на концерт или натпревар, само со потврда за вакцина, мерката важи од 16 август

by fokus

На вечерашната седница на Влада е донесена одлука дека од 16 август при влез во секој објект граѓаните ќе треба да приложат доказ за примена вакцина.

-Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани), велат од Владата.

Оттаму појаснуваат дека приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

-Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19, велат од Владата.

Поврзани новости