Во Израел се отвора економијата, но само вакцинираните имаат целосна слобода на движење

by Fokus

Израел денеска делумно ја отвори својата економија, што се смета за враќање кон нормалниот живот во таа држава на денот кога пред една година беше првпат откриен случај на заразен со Ковид-19.

Продавниците се отворени за сите граѓани, но влезот во спортски сали, театри, кина е ограничен само на луѓе кои примиле две дози од вакцината и на поранешни ковид-пациенти кои имаат имунитет и таканаречен „зелен пасош“.

Физичкото дистанцирање е се уште препорака, а во синагогите, џамиите и црквите, половина од капацитетот на објектот може да се пополни.

Токму на овој ден, откако е забележан првиот случај на ковид во Израел, олеснувањето на мерките е дел од планот на владата за отворање на економијата, во време кога премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе се обиде да добие нов мандат.

Досега, Израел вакцинираше речиси половина од населението со најмалку една доза вакцина.

Поврзани новости