Во изминатите 24 часа потврдени 15 нови случаи на корона

by Fokus
Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, соопштија од министерството за здравство.
-Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни, се вели во соопштението.
Направените 199  теста се преку: ИЈЗ –179, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  – 10 и МАНУ -10.  Досега во земјата се направени вкупно 16.997 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 29. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на ковид-19.
Согласно информациите од министерството за здравство вкупната бројка на заболени од ковид во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852, на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572.

Поврзани новости