Во изгорените бараки кај Рампа имало семејство вселено на диво

by Фокус

Општина Центар е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи и Против пожарната служба кои денеска интервенираа при гаснење на пожарот позади Билната аптека кај Стара рампа во Кисела Вода, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

-До Општината, пред неколку месеци, до инспекциските служби пристигна известување дека во тие бараки диво има населено семејство. Од страна на службите се преземени чекори за семејството да биде иселено од просториите. Имаме информации дека тоа неколку месеци било диво вселено во просториите, но додека не заврши истрагата не сакаме да прецизираме кои се причините за настанување на пожарот. Ние како општина ќе ја провериме сопственоста на земјиштето – рече Герасимовски.

Тој додаде дека ова е трет пожар на територија на Општина Центар откако е тој градоначалник, откако се запалија бараките на Судот во Парк и изгореа објекти во Треска.

Поврзани новости