Во Италија почнува вакцинација на деца од 5 до 12 години

by fokus

Италијанската Влада најави нови успеси во кампањата за вакцинација на населението против Ковид-19, откако бројот на инјектирани дози вакцини вчера надмина 100 милиони.

Генералот Франческо Паоло Фиглиуоло, задолжен за дистрибуција на вакцината, постигнувањето го оцени како „одличен резултат“.

Од 16 декември треба да почне и вакцинирањето на децата на возраст од 5 до 12 години.

Според пресметките на независната фондација Гимбе, приближно 80,1 отсто од Италијанците досега се барем еднаш вакцинирани, додека 77,3 отсто се ревакцинирани. Дополнителна (бустер) доза од вакцината примиле и околу 16,2 отсто од граѓаните.

Меѓу Италијанците постари од 12 години, речиси 88 отсто примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид-19.

Владата, исто така, најави дека во следните неколку недели на 25 милиони Италијанците ќе им станат достапни уште вакцини.

 

Поврзани новости