Какво време да очекуваме овој викенд?

by Fokus

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава, а во централните делови ќе има повеќе сончеви периоди. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Во источните делови на Македонија се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од -1 до 8, а максималните дневни од 1 до 14 степени. Слично време и во Скопје каде максималната дневна температура ќе достигне 11 степени.

Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни (и над 25 л/м2). Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, претежно во северните делови ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Поврзани новости