Во Хрватска потврдени два случаи од „јужноафриканскиот сој“

by fokus

Првите два случаи на мутацијата на коронавирусот, првпат откриена во ЈАР, се регистрирани во Хрватска, а е забележано значително зголемување на бројот на лица заразени со британскиот сој на вирусот, изјави епидемиологот Горанка Петровиќ.

– Вчера ги добивме резултатите од секвенционирањето на примероците што ги испративме до Европскиот центар за контрола на болести. Од 300 примероци чии резултати пристигнаа, 60 беа позитивни за британскиот сој, што е 20 проценти позитивни примероци. Тоа е прилично висок процент. Потврдена е и јужноафриканската варијанта кај две лица кои се вратиле од Африка, од Занзибар, објасни Петровиќ.

Поврзани новости