675
Во изминатите 24 часа во Хрватска се забележани 6.987 нови случаи со корона вирус, а починаа уште 66 пациенти. Бројот на активни случаи се искачи на 38.089. Од нив 2.008 пациенти на болничко лекување, а на респиратор се 257 пациенти.
Од почетокот на епидемијата досега се забележани 521.837 заразени, од кои 9.721 починаа, а оздравеа 474.027 лица.
До денеска тестирани се 3.230.998 лица, а 16.448 во послендите 24 часа. До вчера потрошени се 3.759.981 дози вакцини, или за вакциниранис е сметаат 49.06 отсто од вкупното население.