Дали Апасиев има право да бара пауза?

by fokus

Денешната седница за изгласување недоверба е прекината по барање на едночасовна пауза на лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев.

Но, се поставува прашањето дали претседавачот Фадиљ Зендели требаше да даде пауза, со оглед дека Апасиев не е дел од пратеничка група.

Член 81 од Деловникот на Собранието предвидува дека седницата може да се прекине, меѓудругото, по барање на координатор или заменик координатор,кој има право на едно барање на пауза од еден час.

Меѓутоа Апасиев не е ниту координатор, ниту заменик координатор, ниту се дел од пратеничка група со другиот пратеник на „Левица“, Борислав Крмов.

Собраниски извори за „Фокус“ велат дека од собраниските служби му реагирале на Зендели зошто неделовнички дозволил пауза, но ги отфрлил ваквите сугестии.

Поврзани новости