Во Хонг Конг сите полнолетни жители ќе добијат околу 1.300 долари поради новиот корона вирус

by fokus

Хонг Конг ќе потроши речиси 10 милијарди американски долари со цел да им помогне на граѓаните чии финансии се намалени поради ширењето на новиот корона вирус.

Министерот за финансии на Хонг Конг, Пол Чан денеска најави дека Владата на сите полнолетни жители на Хонг Конг ќе добијат по 10.000 хонгконшки долари (1.280 американски долари).

– Социјалните превирања во последните месеци и новата епидемија на корона вирус предизвикаа голем удар врз економијата во Хонг Конг, истакна Чан.

Тој додаде дека „средствата ќе бидат доделени со цел да се стимулира потрошувачката и да се ублажи финансискиот товар на населението“.

Поврзани новости